Од големиот Ферус Мустафов на свој начин се прости и познатиот рапер Панчо од дуото ДНК.
Панчо и Ферус беа големи пријатели, се почитуваа каде и да се сретнеа, а зборовите кои ги напиша раперот говорат за тоа колку тој го почитувал виртуозот на саксафон…
„Денес не напушти Ферус, кралот на саксофонот. Беше толку ГОЛЕМ што буквално можевме сите да му ги чистиме кондурите баш вака како на сликава. Еден од најголемите “мајстори” на саксофонот ако не и најголем. Почитиван и сакан од сите колеги, човек со голема смисла за хумор и огромно срце кој живееше за музиката и беше музика. Преку своите звуци убеден сум дека не постои човек кој го нема станато од столче со рацете дигнати нагоре. Ќе ми недостигаат оние кратки патувања, шали и дружби. Вечна ти слава брате Ферусе. Почивај во мир и свири им горе, весели ги како ти само најубаво знаеш и умееш. 💔