Папата Франциск кој денеска е во апостолска посета на Македонија, е сопственик на уникатна митра изработена специјално за него од монахињите во манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица.
Митрата на папата Франциск му беше подарена од македонската државно-црковна делегација која во 2016 година беше на аудиенција во Ватикан по повод чествувањето на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.
Митрата му беше подарена на понтифот на Римокатоличката црква како израз на почит и пријателство на нашата земја.
Станува збор за митра со специфики на македонската култура и традиција, изработена од охридски бисери. Митрата од Рајчица, која е симбол на венецот од трње што бил ставен на главата на Исус Христос при неговото распнување на Голгота, е прва што ја добил папата Франциск и според традицијата на Ватикан е заведена како негова тијара.
Римокатоличките поглавари ги носеле тијарите на денот на нивното устоличување.