Папата пристигна во својата прва официјална посета на Македонија и Скопје. Дочекот како што прилега – со сите почести, како и безбедноста – на највисоко ниво!
Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група “Агапе” и тие ќе се претстават со три композиции.
-Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд, рече тој
Но никој не знаеше или знаеше ама не кажа кој ќе го забавува папата во вечерните часови, се додека не се јави таа, македонската фолкерка која во приказните на својот Инстаграм профил ја откри големата тајна.
Токму таа, Сања Сани Гроздановска ќе пее таму каде што вообичаено пее, а таму вечер ќе дошол и папата!
Се разбира, итрата и досетлива Сани ја искористи посетата на папата за да се пошегува правејќи си добра реклама и најава за себе и својот вечерашен настап во познатиот скопски локал каде вообичаено во вторник настапува.
Вистина.мк