Бугарската Православна Црква – дрско одбила средба со Папата

|

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциск вчера вечер во Софија претседавал со состанокот на кој биле припадници на различни верски заедници во Бугарија, но не и претставници на Бугарската православна црква. Оваа црква претходно соопшти дека нема да учествува на ниту еден настан на кој ќе биде папата во текот на дводневната посета на Бугарија иако нејзиниот лидер патријархот Неофит го поздрави папата по неговото пристигнување. На вчерашниот состанок биле лидерите на еврејската заедница, на протестантите, муслиманите и на Ерменската православна црква. Папата вчера посети и еден бегалски камп во Бугарија.
Кој е папата Франциск?
Приказната за отец Франциск од Азизи, почнува пред 800 години. Младиот Франциск не сакал да го наследи бизнисот од негиовиот богат татко, па така почнал да се моли секојдневно пред исусовиот крст, надевајќи се дека ќе го добие одговорот што да прави. Еден ден слуша глас кој му вели “Франциск оди и обнови ја мојата куќа”..Не знаејќи што точно значи овој глас Франциск одлучува да живее во сиромаштија, да биде солидарен со изнемоштените, едноставните, болните. Франциск од Азизи станува револуционер во смисла на целото човештво. Заедно со неговото братство одлучуваат да ја донесат потребната промена за доброто на човештвото.

По 800-тини години, на 13.03.2013 година, белиот чад од ватиканската базилика Свети Петар сигнализира дека кардинал Хорхе Марио Бергоглио е новиот понтиф, кој со своите ставови еднакви на оние од отец Франциск од Азизи, полека ќе почне да ја менува конзервативната католичка црква, но и да го изненадува светот со своите размислувања.

Роден на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, од мајка Аргентинка и татко Италијанец, Хорхе Бергоглио отсекогаш сакал да учи, го сака животот, но никогаш не ја преминал моралната страна…златната средина му била омилена. Сака да ужива во животот, но одлучува тоа да биде ниту малку, ниту многу. Неговата заразна насмевка не ги остава рамнодушни и девојките..Една од нив го заробува и неговото срце, но ќе мора да ја остави за да и се посвети на животната цел – да ја донесе потребната промена за општото добро на човештвото.

По добивањето диплома за хемиски техничар, Хорхе Бергоглио работи како обезбедувач во кафе бар, а потоа и како хигиеничар. Во својата 21 година добива сериозна пневмонија и поради трите цисти извадено му е едното белодробно крило. Еден пролетен ден, одејќи на секојдневните молитви во црквата, младиот Хорхе е фасциниран од разговорот со отецот, по што одлучува да стане дел од одредот на Језуистите, кога одлучува религијата да биде неговата вокација заветувајќи се на сиромаштија, искреност и покорност во животот. Во 1967 ги завршува теолошките студии, но последниот, четврти завет од Језуитските студии, завет познат и како покорност кон папата ги финишира во 1973 година. Ја добива титулата професор, но самиот продолжува со надообразба низ цела Европа. Студира филозофија и литература..Сепак, во 1992 та, Бергоглио е замолен повеќе да не ги посетува језуитските домови, поради неговите несогласувања со теоријата за ослободување на Језуитите и неговата работа како помошен бискуп во Буенос Аирес. Тој се повлекува, и оттогаш е во виртуелно оттуѓување од језуитите се додека не стане поглавар на римокатоличката црква.

Веднаш добива титула бискуп од католичката црква, по што се редат титули се до смртта на Кардинал Куарачино, надбискуп на Буенос Аирес, кога Бергоглио го наследува, а по три години во 2001 ја добива и финалната титула кардинал. Бергољо живее како и отец Франциск од Азизи, едноставен и скромен живот. И покрај тоа што ги има сите удопства од бискупството, сепак на работа оди со јавен транспорт, и смета дека тоа е привилегија – да си во единство со обичниот човек. Неговата желба да биде со отфрлените од општеството го прават омилен меѓу нив, но го забележуваат и елитистите.

Отворено се противи на традиционалните ставови за брачниот живот…Но, секогаш има совет за брачните другари, да не си легнуваат во расправија. Семејствата се тешки, ќе рече папата, проблемите се скојдневни, со пари, со деца, со работа…понекогаш и чинии летаат…но, завршете го денот во мир…

Тајната е тоа што љубовта е посилна од расправијата. И затоа секогаш ги советувам брачните парови – не го завршувајте денот без да се смирите. Секогаш смирете се…Не мора да ги повикате ОН во домот за да го спроведат мирот…мал гест е довоелен „добра ноќ, се гледаме утре“…
Сите сме дел од Господ. “Имитирајте го господ преку создавањето”, вели тој. Работа, земја и покрив се најважното нешто за човекот да се чувствува вреден и достоинствен. Но, многу не ги поседуваат овие основни права. И затоа, папата Франциск уште на почетокот ќе формира Форум на народни движења и организации во кои членуваат фармерите, работниците и староседелците.

Останува понизен. И за разлика од неговите претходници, титулата Понтиф ја сфаќа не толку официјално. Одлучува да живее во малата гостинска куќа во Ватикан, наместо да ја користи папската резиденција сместена во Апостолската палата. Шета низ целиот свет и ги моли завојуваните да престанат да војуваат, а оние кои договориле мир, да го почитуваат.

Папата Франциск бара прошка и за затворениците. На осудените криминалци, силувачи и убијци им вели дека “кога тој заборава, кој сум јас да не заборавам. Ако простиш, ќе заборавиш” вели Библијата….

Но, ништо без жените. “Жените се визионери. Без нив светот нема да оди напред”, ќе рече папата. Франциск е првиот понтиф кој во јавност го кажа и зборот “геј”. Никој не треба да е маргинализиран.

Ако некој е геј и е во потрага по Господ, и има добра намера, кој сум јас да судам?
Не остана нем и за долгогодишниот проблем кој тлееше во католичката црква / педофилијата. Излезе пред сите нив и застана на страна на жртвите, за кои рече дека раните нема да им зацелат никогаш, а обидите да се премолчат бројните случаи на силувања на деца од страна на свештениците е брутално. И призна дека црквата досега не сторила ништо.

Црквата не смее да остане индиферентна. За педофилијата, толеранција нула. Црквата мора да ги казни свештениците кои имаат таков проблем, а бискупите мора да им ги одземат функциите на сите со оваа болест, тенденција за педофилство, а тоа вклучува и законски мерки од страна на свештениците пред граѓанските судови. Нема друг начин.
Но, нешто за што најмногу е вознемирен е уништувањето на природата…Ако го прашате кој е најсиромашниот од најсиромашен ќе ви каже Мајката Земја. Писмо од 192 страници беше прочитано од целиот свет во кое ни кажува дека најитната задача денеска е да ја заштитиме земјата…Светот беше шокиран од точните бројки и факти за уништувањето на земјата. Стравувањата и загриженоста на папата се претставени и на фасадата на базиликата Свети Петар.

Светот не смее да остане рамнодушен кон овие катастрофи кои ги создава човекот со неговиот однос кон природата, оружјето, мигрантите, посебно политиките што се создаваат за бегалската криза. За да го убеди светот дека мора да се гледаме во очи и да слушаме, отиде и до американскиот сенат. Претставниците излегоа расплакани, но политиката останува иста.

Отворено ги обвини Европа и Америка дека се потпалувачи на воените конфликти, и предизвикувачи на жртви, посебно во Сирија, Јемен и Авганистан.

Зошто водиме војни? Бидејќи ние, богатата Европа, Америка, продаваме оружје за да убие деца, да убие луѓе. Ние сме тие кои треба да направиме промена„
Папата Франциск нема друго оружје освен зборовите, но дали тие се доволни денеска. Сите сме деца на Аврам, и затоа сите сме браќа, сакале или не, без оглед на религијата, ќе рече овој харизматичн понтиф, чиј живот е проповед. Мора да си помагаме, е неговата молитва. Кога помагате, денот е поубав. Но, има уште две поедноставни работи што луѓето ги прави среќни, вели тој, смислата за хумор и насмевката…затоа порачува – насмејте се.

ПРЕНОС ВО ЖИВО: