Во исто време кога ќе се одржува „Парадата на гордоста“, на 29 јуни во Скопје ќе, организација наречена „Сојуз за живот“ преку поворката наречена „Сведоштво за семејството“ повикува на мирен протест за промоција на како што велат, „вистинските традиционални вредности на семејството“.
На 29 јуни ЛГБТИ заедницата и сите нејзини поддржувачи ќе ја одбележуваат 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, како пресвртна точка за создавање на движењето за права на ЛГБТИ заедиците ширум светот.
Целта на протестот на „Сојуз за живот“ со поддршка на Брегалничката епархија, според јавните повици, е да се прикаже вистината за тоа што е брак, семејство и пол и како придонесуваат тие за животот, а против идејата за родова рамноправност, под изговор дека тоа претставува „промоција на неприродното семејство“.
Иако во соопштението на иницијаторите на контра-парадата е наведено дека се повикани сите верски заедници и дека се здружени во „Сојуз за живот“, па наведени се МПЦ-ОА, ИВЗ, Римокатоличката црква, Евангелско – методистичка црква и Евангелска црква, останува отворено прашањето дали сите овие верски заедници навистина им одговориле позитивно на нивниот повик.
АНКЕТА : Што мислат граѓаните во Скопје за парадата на гордоста?
Само неколку дена по нејзиното најавување, социјалните мрежи се преплавени со реакции. Настанот го коментираат обични луѓе, јавни личности, професори, политичари, па дури и претставници на црквите и верските заедници во државата. Бекстејџ истражуваше..кои од јавните личности се ЗА а кои против парадата.
Покрај овие одговори, сакавме да видиме како размислуваат и обичните граѓани.
И навивачката група „Комити“ реагираше на организирањето на Парада на гордоста. Еве што порачаа тие:
„Парада на Гордоста’ од нашата младост… Да не дозволиме тој не вин слоган биде злoyпотребен и искористен како параван за спроведување на една глобална цpнa агенда за депопyлациja на населението и бpишeњe на идентитетот на еден мал но горд народ, кој се бopи да го сочува тоа што е и треба да биде, сега, секогаш и во вечни векови! Децата треба да растат со мајка и татко, а сите оние кои имаат поинакви афинитети, склоности или амбиции се слободни во својот избор и никој не ги диckpиминира. Никој не ги спречува да продолжат да го прават тоа што ги усреќува и исполнува, но ги замолуваме да не ни го промовираат тоа што ги прави нив среќни како вистинска трајна вредност, затоа што тоа не е ништо помалку од агpecија, гpyбо нacилство и погpeшна едукација за младите генерации кои треба еден ден да бидат носители на Македонската државност. Ве молиме да не ни ја вpeѓате интелигенцијата и да не навлегувате во нашата интимнocт! Ви благодариме однапред. #МажЖенаДетеВардар #ЖенаМажДетеВардар #ДетеМажЖенаВардар #ДетеЖенаМажВардар #СитеМожниКомбинации — in Република Македонија.“