Пари во ветер или за кредит: Што е поисплатливо, живот под кирија или во сопствен стан?

ИЗВОРСкопје24
|

Велат, кешот е закон, ама кај нас се ретки оние што можат да си го дозволат тоа задоволство, односно да купат стан во готово и да спијат мирно, без стресови секој први во месецот кога треба да се исплати ратата.

Да претпоставиме дека кирија за стан од 50 квадрати во централното градско подрачје изнесува 250 евра месечно. Тој стан да се купи ќе чини 55.000 евра. Така, месечната рата за кредит би изнесувала околу 250 евра, за кредит на 30 години.

Значи, апсолутно не се исплати да враќате кредит, додавајки ги плус каматите што ќе ги исплатите . Освен што за 30 години ќе имате стан, но….. ова е можеби многу долго време.

Да земете кредит или да бидете подстанар е прашање на избор. Вие за 30 години, кога ќе го вратите кредитот, ќе имате стан, а под кирија ќе немате ништо. Значи, бирате помеѓу тоа дали ви е важно да имате имот за 30 години или не ви е важно.

Сепак, животот денес е многу неизвесен.

Дали ќе ја задржите вашата работа, дали ќе се одржи платата на исто ниво…. Затоа не е лесно некој да се одлучи за овој вид на оптеретување како што е станбен кредит.

Посебно е незамисливо задолжувањето на младите.

Според извештајот на Агенцијата за катастар и недвижности, во Македонија 31 отсто припаѓаат на закупи на станови, 36 отсто на деловни простори и 4 отсто на куќи, преостанатото припаѓа на закупување на земјоделско и градежно земјиште.

Вкупните кредити на домаќинствата во јуни годинава се зголемиле за еден процент на месечна основа, а за 9,7 отсто на годишна основа, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Анализирано според наменета на кредитите од физичките лица, кај најзастапената категорија, потрошувачките и станбените кредити, е евидентиран месечен раст од 1,3 отсто, односно 1,2 отсто, што на годишно ниво изнесува 11,1 отсто и 14,9 отсто.

Вкупните кредити во Македонија во јуни годинава се зголемиле за 0,9 отсто на месечно ниво, што според Народната банка на Република Македонија се должи на зголеменото кредитирање и во корпоративниот сектор и кај домаќинстава, кои имаат речиси подеднакво учество во месечната промена. На годишна основа кредитниот раст изнесува 6,2 процента, во поголем дел од зголемено кредитирање на секторот домаќинство кое учествува со 74,2 отсто во растот.