Направете вкусна погача за големиот Христијански празник Бадник, кој се поминува во кругот на семејството.
Се дели леб, се посакуваат желби, а паричката е симбол на среќна и бериќетна година за оној кој ќе ја добие.
Рецептот за подготовка на бадниковото лепче со паричка:
СОСТОЈКИ: 500 гр брашно, 25 гр квасец, 50 гр масло за јадење, 250 мл топла вода, сол и шеќер.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Квасецот го ставаме во сад со топла вода, ставаме сол и шеќер во садот, па лажица брашно, и се остава вака за да нарасне.
Во голем сад ставете ги брашното, маслото и нараснатиот квасец, па додавајте ја водата и замесете тестоОткако убаво ќе го замесите тестово, се остава да нарасне околу 45 минути.
Поделете 4 топки од него, расукајте ги на работната површина, па ставете едно во тава, премачкано со масло.Од второто расукано топче направете форма како триаголник, така и од третото и четвртото и ставете ги одозгора премачкани со масло.
Не заборавајте да ставите паричка завиткана во фолија.Печете околу 40 минути во загреана рерна на 200 степени.
Имајте среќни празници!