Парите не паѓаат од небо! Гоца Тржан открива колкав џепарлак добива нејзината ќерка

ИЗВОРnovlist.mk
|

Поп пејачката Гоца Тржан открива како ја воспитува својата ќерка Лена кога е во прашање финансискиот дел.
Гоца открива дека нејзината ќерка не добива многу пари, за да научи повеќе да ги цени истите.

-„Џепарлакот е нешто што мора да го има за да може во школо да си купи храна, за викенд да може да си купи карта за во кино. Тоа е една пристојна сума, не е ни премногу, но не е ни премалку за да може понекогаш и да заштеди некој денар. Мора да научи сама да располага со својот буџет , да сфати дека не може да ги рафрла парите наоколу на секакви глупости, затоа што ни нам не ни паѓаат парите од небо. Децата треба да научат дека парите се нешто што се заработува, а не што се добива така лесно“- изјавува пејачката Гоца Тржан.


Гоца е веќе со години дел од жирито на „Звездичките на Пинк“. На прашањето дали нејзината ќерка Лена ќе тргне по стапките на својата мајка, како и дали би ја пријавила на детското натпреварување, Гоца едногласно одговара дека нејзината ќерка не е за тој проект, исто така и истакнува дека Лена не го наследила гласот на мама и не знае да пее.