|
Синоќа во селото Мелница-општина Чашка пред куќа било паркирано патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од С.З.(44) од истото село.
Во еден момент возилото почнало да се движи и удрило во седум малолетници, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, а со телесни повреди се здобиле шест малолетници, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.