Членовите на Парни ваљак ги израдуваа фановите со ново соопштение: „Охрабрени од вашите многубројни пораки…“

ИЗВОРНов Лист
|

Поминаа две и пол недели од спектакуларниот концерт на Парни Ваљак во загребската Арена, на кој се прослави животот на Аки Рахимовски (67). Тоа беше вечер на емоции, но и потсетување на тоа што значеа Аки и момчињата од Парни Ваљак за музиката, а на концертот уживаа повеќе од 15.000 фанови.

Охрабрени од одличните реакции на публиката, членовите на бендот решија уште еднаш да изненадат многу фанови со најава за нов концерт во Пула.

– Аки имаше посебна врска со Пула, каде што е запаметен по великодушната хуманитарна работа, а му беше доделена и Повелба за почесен граѓанин на градот Пула. Токму затоа, поттикнати од многуте ваши пораки по концертот во Арена Загреб, најавуваме дека концертот во чест на Аки, со помош на пријателите и колегите, ќе се одржи и во прекрасната Пула Арена, на 25 јуни!

Под објавата веднаш следеа реакциите на воодушевените фанови. „Ви благодариме од се срце најубава порака ни го разубави денот“, „Браво честитки“, „Ве чекаме“, се само дел од коментарите на оние кои едвај чекаат да уживаат во музичка вечер која сигурно долго ќе се памети.