Пастор Филип Иванов: Нешто најглупо што сум чул е дека жените во црква треба да бидат пристојно облечени

ИЗВОРСкопје24
|

Филип Иванов: ,,Жените во црква мора да се облекуваат пристојно за да не ги искушуваат браќата.

Поглупо од ова скоро и да немам чуено. Видете, кога Господ Исус им зборуваше на апостолите, сите од нив мажи, не им рече дека ако се искушани од тоа како се појавила некоја жена во црква да ја искараат и да и дадат нешто да се покрие, туку, да си го изв***т сопственото око, ако веќе тоа ги наведува на грев!

Со други зборови, им кажа да се справат со гревот во нив, а не со другите околу нив, зашто христијанинот, ако тврди дека созреал и знае што е исправно, нема право на соблазна!

Како може да се соблазнувам од туѓата грешност кога исповедам дека јас сум најголемиот грешник? Што значи, јас сум поголема соблазна од оној/онаа кои наводно мене ме соблазнуваат! И ако се соблазнувам во црква, што ќе биде од мене надвор, во светот?

Од друга страна, пак, дали жените треба да се облечени пристојно? Секако, НО, не затоа што црквата има некаков од Бога даден „дрес код“, зашто, едноставно, таков НЕМА, а најмалку за да не би се соблазниле браќата. Жената би требало да се облекува скромно затоа што таа би требало да Е пристојна и скромна.

Сестри, ако сѐ уште се водите по суетата на овој свет, ако не сте се смириле во срцето, ако не сте скромни навистина, и ако сѐ уште оговарате и клеветите, тогаш ниедна сукња до глуждови и ниедно покривало на главата не го лаже Бог пред Кој сите стоиме голи и откриени, Бог Кој не гледа на лице, туку на срце. Затоа, јас не можам да ви кажам како да се облекувате, само какво срце треба да стекнете, другото оставам да биде помеѓу вас и Христос, Тој ќе ве поучи и научи.

Целиот текст прочитајте го на БАЛКАН.МК