Патарините до Халкидики се поевтини од Македонија

|

Веднаш штом ќе влезете во Грција преку преминот Евзони, на околу 500 метри од границата, ќе наидете на првата патарина во Грција каде патарината за моторни возила е 1,80 евра (во еден правец).

Патарина на обиколницата во Солун (општина Ореокастро)

Цената на патарината за автомобили е 0,50 евра, за мотоцикли 0,30 евра.

Наплатна рампа Аспровалта

Возачите на патарина во Аспровалта сега плаќаат 0,60 евра за мотоцикли, 0,90 евра за автомобили и 2,30 – 3,20 евра за големи возила.

Од Солун до Халкидики нема наплата на патарина.

Растојание и цени на патарина Солун – Атина

Растојанието од Солун до Атина е 499 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа и 20 минути.

Од Солун до Атина има 11 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 31,35 евра.

Цени на патарина и растојание до Лефкада

Од граничниот премин Евзони до Лефкада растојанието е 415 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа.

Од Евзони до Лефкада има 8 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 14,65 евра.

Цени на патарина и растојание до Тасос

Од граничниот премин Евзони до островот Тасос растојанието е 258 километри, а патувањето со автомобил трае околу 3 часа.

Од Евзони до Тасос има 5 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 7,40 евра.

Цени на патарина и растојание до Парга

Од граничниот премин Евзони до Парга растојанието е 386 км, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа.
Од Евзони до Парга има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра.

Цени на патарина и растојание до Крф

Од граничниот премин Евзони до островот Крф растојанието е 367 километри, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа и 10 минути.
Од Евзони до Крф има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра.

Горивата во Грција се значително поскапи отколку во Македонија и се движат о 1-95 за безнин и 1.63 евра за дизел.