Патнички авион е тешко оштетен додека летал низ невремето, принудно слетал

|

Италијанската агенција АНСА наведува дека екстремно голем град го оштетил авионот кој летал од Милано за Њујорк.

Авионот на летот DL185 полетал непосредно пред невремето од Милано, но принудно слетал на аеродромот во Рим откако парчи мраз го оштетиле трупот и крилата на авионот.

„Делта“ соопшти дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Рим откако наишол на „неповолни временски услови“ по полетувањето.

– Авионот безбедно слета на аеродромот во Рим нешто пред 14 часот и патниците нормално се симнаа. Авионот претрпе одредени оштетувања за време на лошото време што го проверува нашиот локален тим за одржување – соопштија од компанијата.

Една жена, да потсетиме, загина за време на силното невреме што ги зафати северните делови на Италија.

Според агенцијата АНСА, жената (58) починала откако врз неа паднало дрво, кое се срушило поради лошото време во Монца. На местото на несреќата пристигнала брзата помош, но не можеле да направат ништо, а на пожарникарите им требало долго време да го извлечат телото заглавено под дрвото.

Силно невреме придружено со бурни ветрови и град го погоди северот на Италија во текот на попладневните часови.

За само неколку минути небото над Милано стана црно, а ветрот собори неколку дрвја и оштети покриви. Неколку лица се повредени во Лењан откако дрвја паднале врз автомобилите во кои се наоѓале.

Видеото погледнете го ОВДЕ.