Половина српска естрада кога размислува за нова песна, без двоумење заминува правец кон Скопје.
Причината е бидејќи веруваат во вештината и искуството на плодниот македонски композитор Дарко Димитров, кој досега создаде бројни хитови за домашните и пејачите од регионот.
Па така, со „проверени карти“ овој пат игра и победничката од минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ, која периодов беше почесто присутна на адресата кај Дарко Димитров во Скопје.
ФОТО:ЏЕЈЛА РАМОВИЌ/ИНСТАГРМ
Младата надежна пејачка, покрај Дарко, за текстот на својот нов сингл одлучила да го пишува најпознатиот српски текстописец, Марина Туцаковиќ.
ФОТО:ДАРКО ДИМИТРОВ/ИНСТАГРАМ
Од овој мега успешен тандем и гласот на талентираната Џејла, без сомнеж се очекува голем хит.
Освен тоа, Рамовиќ по се изгледа била соодушевена од Скопје, па спотот е снимен токму во нашиот главен град.
Премиерата на песната е закажана за 9-ти декември.