Секој продолжен викенд, слободно време или одмор многумина го користат да заминат на море, а најблиску е Грција. За илјадници Македонци оваа дестинација е најчеста, и ги знаат сите патишта како најбрзо да се стигне до посакуваната дестинација.
Секое планирање на патувањата особено оние подолги, и во места каде знаете дека има патарина или други давачки за користење на патиштата може да ви заштеди пари, да не ви одземе време од патувањето, но, добро е да се знаат и законските прописи во земјата во која се патува. Она што најмногу ги интересира возачите е колку ќе ги чини патувањето, колку ќе платат за гориво, за патарини, и други трошоци. И, нормално може ли нешто да се заштеди, и како? На што да внимаваат додека патуваат? Како возач или учесник во сообраќајот треба да знаете и кои правила важат додека го управувате. Она што е најважно при патување во Грција е дека таму е задолжително во опремата во автомобилот да имате противпожарен апарат, триаголник. Користење на рефлектирачки елек не е задолжителен но се препорачува.
Еве што треба да знаете при патување во Грција
* Во Грција нема да смеете да внесете месо, млеко и млечни производи. Дозволено е да внесете само четириесет цигари, или 50 грама тутун. Можете да пренесете и еден литар пијалак, кој содржи повеќе од 22 проценти алкохол или два литра со помалку од 22 отсто алкохол. Кога се работи за пиво смеете да внесете 12 литри, а пак вино четири литри. Дозволено е и два килограма храна за бебиња, како и за миленичиња. Готовнината над 10.000 евра треба да се пријави кај цариниците.
* најголема дозволена брзина: Во населените места: ограничување на брзината за автомобили (со или без приколка) од 50 км/ч. На магистралните патни правци – за автомобилите е 130 км/ч, а на регионалните од 90 до 110 км/ч. Мотоцикли – ограничувањето на брзината во населени места е 40 км/ч, на магистралните патни правци е 90 км/ч на регионалните ограничувањето е 70 км/ч.
* Употреба на мобилен телефон Забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР
* Алко*ол Дозволено количество на алк*хол во крвта е 0,05%, а за возачи почетници (помалку од 2 години), мотоциклисти и возачи на комерцијални и возила лимитот е 0,02%
* задолжителна опрема Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра) Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме.
* Цени на горива (за 1 литар) Бензин БМБ-95 – 1,54 евра Бензин БМБ-98 – 1,65 Дизел – 1,29 евра
* поважни телефони Полиција – 100 или 112; Брза Помош – 166 во Атина или 112; Противпожарна бригада – 199 или 112; ЕЛПА(инфо центар)-901 124 1600; ЕЛПА(аларм центар)-10400
* Казни Недозволено паркирање од 40 до 80 € Пречекорување на брзината до 20 км/ч – 40 € преку 40 км/ч – до 700 € некористење на ремени – 350 евра непочитување на пешак – 200 евра минување на црвено светло – 167 € возење во алкохолизирана состојба: од 0,5 до 0,8 промили – 78 € од 0,8 до 1,1 промили – 156 € преку 1,1 промили – 625 € телефонирање за време на возење – 100 евра Задолжително користење на сите ремени Задолжително е поседување против пожарен апарат Задолжителна е прва помош.
Извор: 24auto.mk