“Печени пилешки ролни”: На вакво искушение ќе “паднат” дури и оние кои се на диета

ИЗВОРНов Лист
|

Сочните ролни полнети со шунка, кулен и кашкавал обложени со крцкава сланина, со сигурност ќе се прилагодат на сечиј вкус. Дури и оние кои внимаваат на килограмите и начинот на исхрана, би го приготвиле овој специјалитет.

Потребно е :

– 500 грама пилешки гради

– 200 грама шунка

– 200 грама сушена сланина исечена на тенки парчиња

– 150 грама кулен

– 200 грама кашкавал

– ајвар, маслиново масло, сол, зачин

– бибер, бел лук, чили, пиперки

Подготовка:

Исечете го месото на тенки парчиња. Додајте малку масло, бибер, зачини, сол, лук, пиперки, малку лути пиперки и измешајте ги сите состојки заедно. Сортирајте ги тенките парчиња сланина на една алуминиумска фолија, а потоа распоредете го месото со зачините и намачкајте го со ајвар.

Ставете крај на сувото и жилаво месо: Пред печење задолжително направете го ова

Доколку сакате месото повеќе никогаш да не ви е суво и жилаво, пред термички да го обработите, задолжително ставете го да отстои во маринада!

Ви го препорачуваме овој совршен рецепт:

Состојки: – Половина шолја маслиново масло – Половина шолја пиво – 1 лажица мед – 1 лажица сол – 3 чешниња лук

Подготовка: Излупете го лукот и гмечете го додека не стане кремаст. Во него додадете го маслиновото масло и пивото, а потоа и медот. Потоа сѐ убаво измешајте.

Месото исечете го на мали парчиња и прелијте го со маринадата. Оставете ја маринадата да се маринира најмалку 3 часа, па потоа термички обработете го.