Александра Пријовиќ вели дека може да пие повеќе од нејзината пријателка Анастасија Ражнатовиќ.
Taa сака да излегува со ќерката на Цеца бидејќи знае дека убавото време со неа е загарантирано.
– Секогаш си поминувам одлично со неа, бидејќи сме слични. И двeте сме среќни, единствено што имам поголем капацитет во пиењето – вели Александра и додава дека знае добро да се контролира кога е алкохолот во прашање:
– Уживам полека да пијам, многу сакам да пијам. Но, никогаш не се опијанувам не знаејќи што правам. Ми се случи само кога се опијанив за прв пат, а тоа беше од пиво. Испив неколку чаши и не знаев каде сум.
-Мојот сопруг обично ме нервира кога ме брза, а мене како и секоја жена ми треба повеќе време да се подготвам. Најчесто се расправаме за тоа, па му велам „Добро, што ако доцниме 15 минути?“ Тој е тој што секогаш попушта.
Таа вели дека е искрена пејачка, која одлично се согласува со сопругот за воспитувањето на нивниот две и пол годишен син Александар:
– Му викаме на Александар кога сака да јаде слатко, затоа што не му дозволуваме. Никој не може да те извади од такт како дете.
Поради својата незгодна природа, Прија е сигурна дека никогаш нема да се најде во жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
– Да почнам да се расправам ќе ме избркаат од жирито или нема да дојдам повторно на снимање. Не можам да се расправам со нив, но интересно е да се види кога членовите на жирито ќе си го направат тоа еден на друг. Цеца Ражнатовиќ одлично се снајде – вели таа.