Пејачката со еден од најголемите хитови се школува за фризерка – Еве што вели таа за заработка од пеење и бакшиш

ИЗВОРНов Лист
|

Минатата година младата пејачка Зорана Миќановиќ ја објави песната „Сиктер“, која доживеа голем успех, а многумина песната ја нарекуваат најголемиот хит во моментов. Но, Зорана и покрај успешниот почеток на кариерата не го запостави и школувањето.

Зорана Миќановиќ се прослави преку натпреварот „Ѕвздите на Гранд“, по што ја сними песната „Сиктер“ која ја направи ѕвезда.

Младата пејачка има само 17 години и студира за да стане фризерка, бидејќи сака да тргне по стапките на својот татко.

– Одам на фризерско училиште. Татко ми е фризер и од него го наследив мојот талент – изјави Зорана.

Таа откри и кој од нејзините поискусни колеги и дал најголема поддршка.

– Александра Пријовиќ ми даде голема поддршка. Таа ми даде ветер во грб – изјави Миќановиќ.

Се шпекулираше дека може да купи стан од бакшишите кои ги заработила благодарение на првата песна, а таа рекла:

– Па, тоа нека остане во тајност. Секако дека во овој бизнис има навистина добар приход, а сега за станот нека биде тајна.