Пејачката Гоца Тржан минува низ тежок период – објасни што и се случува деновиве

|

На Гоца Тржан желбата да стане родител се потешко и се исполнува. Тие го продолжија процесот на ин витро оплодување и се надеваа дека ќе имаат бебе. Тоа беше причината што Гоца неодамна се повлече од натпреварот за претставник на Србија на Евровизија.

Таа пред две недели по петти пат беше на ин витро, овој пат во Прага, а деновиве го чека резултатот дали обидот успеал.

– Кога ќе доживеете разочарување, велите дека нема повеќе да пробувате. Секој кој не поминал низ процесот на ин витро оплодување не знае како е тоа чувство. Се надеваме, сакаме и ќе се обидеме пак, па што ќе биде, нека биде. Ние не се откажуваме. Не знам дали пак ќе одиме во Прага. Задоволна сум со себе, исполнета, немам причина да бидам несреќна. И јас не сум жена која така лесно се откажува. Се додека не е ризично за мојот живот, ќе се трудам. Имам едно дете, ќерката Лена, која расте и треба да се грижам за неа. Најважно е да сум здрава, рече Гоца и додаде дека не е обесхрабрена од годините.

Таа признава дека целосниот процес, како и прифаќањето на неуспехот, е емоционално многу исцрпувачки.

– Секогаш кога се надеваш, и кога не успеваш, од тебе се очекува да паднеш. Сепак, не сакам да се откажам, иако хормонските терапии кои го придружуваат процесот не се воопшто лесни. Сакам да верувам дека тоа е можно бидејќи верувам дека јас и мојот сопруг заслужуваме бебе. Многу е важно на сето ова да му пристапите позитивно, а и да не успее, не значи дека тој и јас сме помалку вредни како луѓе. Одамна се помирив со тоа, истакна Гоца.