Пејачката на Eye Que за 5000 долари го продава евровизискиот аутфит на eBay (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката од групата Eye Que, Марија Ивановска реши да го продаде аутфитот кој баш и не и донесе многу среќа на минатогодишната Евровизија.

Таа и нејзиното момче Бојан Трајковски минатата година ја претставуваа Македонија на Евровизија во Лисабон, а сега Марија реши да се ослободи д лошите спомени и да го продаде аутфитот и најверојатно да заборави на тоа дека токму во него беше прогласена за најлошо облечена.

Таа минатата година на Евровизија доби многу негативни критики за својот стајлинг, а исто така и во рацете на Марија и Бојан Трајковски заврши наградата Барбара Декс, која се доделува на најлошо облечените на овој музички натпревар.

Инаку Марија го продава овој аутфит на познатата онлајн мрежа за продажба eBay, а на официјалниот Instagram профил на бендот, исто така е споделена фотографија и линк кој води до до eBay, каде заинтересираните може да ја видат креацијата која Марја ја продава по цена од 5.000 долари (плус 127 долари за достава).

„Единствена можност да го поседувате ова иконско ремек-дело!!!“ – напиша таа во описот на фотографијата.

Инаку фановите на Евровизија сигурно се запознаени дека ова нее прв пат нашата земја да добие награда за најлош аутфит на музичкиот натпревар. Претходно и македонскиот пејач Матин Вучиќ кој нè претставуваше на Евровизија во 2005 година ја доби оваа титула, најлошо обечен на Евровизија.

Оние кои го заборавија настапот на групата од минатата година, може да се потсетат.