Веќе неколку години трае обидот на Северина и Игор Којиќ да добијат дете. Обидите досега им беа неуспешни, па парот проба да најде решение во верата.
Пејачката Северина заедно со сопругот и семејството на сопругот се упатиле во манастир во Грција кој обично го посетуваат парови кои имаат желба да станат родители, вели извор близок до семејството Којиќ.
Изворот додаде и дека Северина премногѕ посакува по втор пат да се оствари во улога на мајка. Направени се многу анализи и резултатот покажува дека двајцата се здрави, но веројатно стресот кај Северина има улога. Таа долги години се бори за старателство на синот, па веројатно грижите си го направиле своето.