Пејачката Шинед О’Конор почина 18 месеци после смртта на синот

|

Синоќа беше објавено дека ирската пејачка Шинед О’ Конор починала на 56- годишна возраст.

Пејачката се стекна со меѓународна слава по објавувањето на нејзиниот прв албум, „The Lion and the Cobra“, во 1987 година. Потоа, следеше уште поуспешен втор албум со наслов „I Do Not Want What I Haven’t Got“.

Во 1990 година нејзината слава беше уште поголема, откако ја изведе легендарната преработка на песната „Nothing Compares 2 U„ на Принс, која пејачот ја објави во далечната 1985 година со неговата група „Д Фемили“.

Оваа позната пејачка доживеа огромна трагедија во јануари 2022 година кога нејзиниот седумнаесетгодишен син Шејн избега од болница и си го одзеде животот.

Со голема тага и болка објавувајќи заедничка фотографија таа напиша дека Шејн бил нејзина љубов, светлост на нејзината душа и единствената личнос која ја сакала безусловно.

Инаку, како што пишуваа медиумите, Шинед била родена во проблематично семејство, подоцна имала и проблеми со менталното здравје, а трпела и физичко малретирање од нејзината мајка кога била дете.