Пејачот Ламбе Алабаковски го подметнал пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

|

Познатиот македонски поп пејач Ламбе Алабаковски го подметна пожарот пред културниот центар „Ванчо Михајлов“ во саботата утрото, потврдуваат за Телма извори од битолската полиција. 34 годишниот Алабаковски го призна делото, а кај него полицијата пронајде и повеќе предмети со кои го предизвика пожарот. Веста дека е фатен сторителот претпладнево на својот фб профил ја објави и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода, напиша Спасовски.
Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска во изјава за бугарските медиуми го даде описот на лицето кое го видела снимките од безбедносните камери во културниот центра Ванчо Михајлов како го подметнува пожарот.

Се гледа еден човек кој мирно пристигнува со велосипед, го паркира, вади туба со запалива течност и мирно ја истура пред вратата на Културниот дом и мирно ја пали течност. Ми направи впечаток тоа што оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи огнот што пламна беше огромен, човекот се исплаши, изјави Теодра Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија изјава Генчовска во неделата за БТВ.

Пожарот се случи во саботата утрото, а беше опожарена влезната врата од културниот ценѕар Ванчо Михајлов во Битола, кој беше отворен пред еден месец во присуство на државниот врв на Бугарија. Инцидентот предизвика остри реакциии и во Бугарија и во Македонија.