Пејачката Катарина Грујиќ во страв Врањеш да не објави и нејзина снимка

ИЗВОРСкопје24
|

Фудбалерот Огњен Врањеш претставува закана за пејачките со кои бил во некаква врска. Откако објави експлицитни фотографии од Јелена Карлеуша, фудбалерот размислува да открие со кои се познати дами бил.

Бројни ѕвезди се во паника поради него, а целата ситуација најтешко ја поднесува Катарина Грујиќ која пред извесно време јавно призна дека му била љубовница на оженетиот Врањеш.

Врањеш бил во комбинација со неколку познати пејачки. Од сите нив до сега се дозна само за Карлеуша и Катарина, но тој се снимал и со многу други естрадни ѕвезди.

„Незнам како успеа да ги наговори да се снимаат но сега во својот мобилен телефон има богата колекија. Ако сепак одлучи да ја обелодени ќе пропаднат уште некои бракови кои на прв поглед се чинат како од бајките“, пренесува изворот.

Поранешните љубовници на Огњен пробуваат преку заднички пријатели да го убедат фудбалерот да го држи својот јазик, за да не им го упропасти животот како што тоа го направи со Карлеуша.

Сите се плашат да не ги објави и нив, и го молат Бог да е им се случи истото и на нив. Само една од нив се осмелила да го моли фудбалерот да не ги пушта нивните слики во јавност. Најупорна била Катарина Грујиќ. Му се заканила дека ќе му го упропасти животот ако се осмели да си поигра со неа како што и направи на Карлеуша.
Она што не е јасно е зошто сите паднале на репрезентативецот на Босна и Херцеговина.


Неверојатно е како за кратко време успеал да биде со сите нив. Тој сега гледа како тие се мачат и се грижат а тој ужива во Белгија, оди на тренинзии само набљудува што се случува. Изгледа дека сето ова многу го забавува.

Тој сеуште ја провоцира Јелена. Вчера со новата фотографија посака повторно да ја испровоцира пејачката. Откако таа објави фотографија од Кина на која позира и се гледа како ги прекрстила нозете, Огњен ја објави истата фотографија со негова поза. На никој не му е јасно што сака да порача со оваа фотографија.