Ова се температурите во 14. часот низ Македонија.
Надвор е пеколно топло, а се спрема и невреме.
Во Македонија денеска претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 9. Температурата ќе се движи во интервалот од 18 до 35 степени.
И во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град, се вели во Метео предупредувањето издадено од УХМР.
Прогноза за 17.06.2019
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°С до 34°C
Претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7
Прогноза за 18.06.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7
Прогноза за 19.06.2019
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=8