Пеколните горештини продолжуваат и утре, заладување дури од среда

ИЗВОРСкопје24
|

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец, информира УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 31 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северозапеден правец. Температурата ќе се движи од 18 до 37 степени.

Во првите два дена од наредната седмица сè уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата за 7 до 9 степени.

И метеорологот Славчо Поповски со слични прогнози. Тој информира дека веќе од среда под влијание на значително посвежа воздушна маса од север температурите ќе бележат тенденција на пад за околу десет степени, а сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од северозападен правец, исто така на повеќе места ќе има и нестабилна облачност проследена со врнежи и грмежи. Нова и обновена детална анализа околу ова следува понатаму.

Подготви: Славчо Попоси за 1тв.