”Пеливанот” Алириза Арапоски триумфираше во Сарај-Струмица и Лозово, најавува успешна кариера

ИЗВОРСкопје24
|

АЈДЕ БРЕ ПЕЛИВАН! (тоа е израз кој што се извикува на почетокот на борбата меѓу борачите, повик на двобој). Со прекрасна зелена трева, зурли, тапани, стотици литри зејтин, еден пеливански Ага, десетици судии, стотина пеливани од сите возрасти, активни и поранешни борачи во слободен стил.

Алириза Арапоски – Лико е од помладата гренарција на пеливани кој ветува многу. Талентот го покажа на дело на почетокот на оваа сезона освојувањи златни медали на пеливанските турнири во Сарај – Струмица и во Лозово.

18-годишниот Арапоски е најмлад борач во неговата категорија (трета рака), а пријателите и познавачите на приликите во овој спорт велат дека има срце како планина.

Лико е од село Пласница, а се бори за Ускана од Кичево кој во финалето на турнирот во Сарај го победи Бајрам Хајдари, а во Лозово славеше против Емин Сејдиовски од Штип и Исамет Сабир и беше прогласен за најдобар борач на турнирот.

Арапоски го носи прекарот Али Гирбуз, по шампионот на Турција кој е висок како и Алириза.