Пендаровски ќе ги собере партиските лидери во Вила Водно

|

Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе свика лидерска средба по Самитот на ЕУ од каде е сѐ поизвесно дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите.

Според информации на Плусинфо од партиите, за лидерскиот состанок, шефот на државата веќе ги консултирал лидерите на релевантните партии од македонскиот и од албанскиот политички блок.

Предлогот од Пендаровски е средбата меѓу лидерите да се оддржи во Вила Водно во недела во 17 часот.

Од Кабинетот на Пендаровски официјално не потврдуваат за средбата, само велат дека со информација ќе излезеат по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Ако претседателите на партиите ја прифатат поканата на шефот на државата ова ќе биде прва лидерска средба на која домаќин ќе биде Пендаровски.

Претседателот на државата досега оствари одделни средби со сите претседатели на партии освен со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски.