Македонија се надева на помош од Европската Унија околу енергетската криза и тоа и е резервен план, ако не се реализираат заклучоците од Советот за безбедност, што се одржа во вторникот. Ова го кажа претседателот Стево Пендаровски по средбата со италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Матарела побара практични мерки за помош на Западен Балкан во однос на енергетската криза.