Пендаровски: Нови 14 дена вонредна состојба

ИЗВОРСкопје24
|

Поради состојбата со здравствената состојба во државата, која последните денови се соочува со пораст на бројот на заболени, вонредната состојба се продолжува за уште 14 дена.

Ова е одлуката на денешната седницата на Советот за безбедност, која пред малку ја соопшти претседателот Стево Пендаровски.

Тој повика на одговорно однесување од страна на граѓаните во време на здравствена криза и казнување на неодговорните.

Пендаровски побара од лидерите да се договорат меѓусебно околу датумот за одржување на вонредните парламентарни избори.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.