Пендаровски одговори дали размислува за втор мандат и дали се плаши од Спасовски

|

„Македонската јавност има прилика секојдневно да го следи моето однесување. Знае дека во неколку наврати за битни проекти сум имал спротивни мислење од Владата или од партиите што ме поддржаа и 2014 и 2019. Никогаш не сум калкулирал со поддршка, рече претседателот Стево Пендаровски како одговор на прашањето дали со потписот на Законите за „Бехтел и Енка“ очекува да добие поддршка од СДСМ и ДУИ за втор претседателски мандат.

Според него, тоа се детски анализи и никогаш не разговарал на тој начин.

„Ако е нешто во прилог на граѓаните, го потпишувам, ако е нешто спротивно на нивните интереси, кој и да се јави не може никој да ми влијае. На многу инстанци сум покажал дека размислувам со своја глава. Во моментов не размислувам за нов мандат“, кажа Пендаровски.

На прашањето дали му е страв дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски може да биде поддржан од власта како кандидат за претседател на наредните избори, Пендаровски одговори:

„Ако имаш страв за нешто во животот, не се впушташ во нешто, не само во политиката. Најбитно е да имаш доверба во себеси. Ако самиот се чувствуваш подготвен, не постои некој страв кој може да те натера да останеш дома да гледаш телевизија“, рече Претретседателот.