Пендаровски: Предлогот во оваа фаза за мене е прифатлив

|

Претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност рече за него францускиот предлог во оваа фаза е прифатлив.

-Со предлогот ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Второ, овозможува скрининг процес што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите. И третото е апсолутно најважно, не само за мене, туку за секој од нас. Ама баш со ништо не го поткопува македонскиот идентитет затоа што за клучната, темелна одредница на тој идентитет за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота, рече Пендаровски.

Вели дека овој предлог ја решава актуелната блокада, а во себе има предвидено нова блокада која, како што рече, најверојатно ќе биде наша, домашна.

-Знаејќи ја внатрешната политичка констуација, потребниот праг од две третини во овој момент изгледа сосема недостижен, рече Пендаровски.