Пендаровски прогласи вонредна состојба

|

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна сосотјба , откако од Собранието го доби предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба на целата територија на државата.

Вонредната состојба треба да биде прогласена по предлог на Владата поради справување со ситуацијата со виру*от. Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.

Пендаровски апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита. Тој им се заблагодари на сите вклучени во заштитата.

Апелира до сите да бидат смирени , солидарни , за да може да ја пребродиме оваа тешка ситуација.