Пенелопе Круз ја покажа својата совршена фигура на премиерата на филмот “Pain and Glory” во Лондон

ИЗВОРСкопје24
|

Шпанските ѕвезди сјаеле во престолнината на Велика Британија, а друштво на црвениот тепих им правел Педро Алмодовар.

“Pain and Glory”, филмот на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, ги споил, макар на филмското платно, убавата актерка Пенелопе Круз и нејзиниот маркантен колега Антонио Бандерас.

Оваа филмска драма ја следи приказната на млад режисер кој ги преиспитува сите избори кои го донел во животот додека светот му се руши, а сегашната и минатото му се преплетуваат.

Филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Кан.

Вчера била одржана премиерата во Лондон, а убавата Пенелопе блескала во креација на познатата модна компанија “Ralph & Russo”. Сето ова го надополнила со дискретен накит од нејзината колекција која ја направила за компанијата Сваровски и сандали од познатата компанија “Jimmy Choo”.

На црвениот тепих друштво и правел колегата Антонио Бандерас.