Пензионер заштедил 14 илјади евра за 64 години, а потоа сфатил дека парите повеќе му се потребни на некој друг

ИЗВОРСкопје24
|

85-годишниот Јевгениј Попов од Ајкино во руската република Коми, ја подарил својата заштеда од милион рубљи (околу 14 илјади евра) на дом за деца без родители.

Попов, 64 години ги штедел овие пари, а желбата му била да остане анонимен. Меѓутоа, вработените и штитениците на домот сакале по секоја цена да го дознаат името на овој добротворец, со цел барем да му се заблагодарат.

Пензионерот кој 40 години предавал историја и социјални науки, секој месец од својата плата одвојувал пари на шест различни штедни книшки. Тој нема семејство и живее сам во стара дрвена куќа.

Тој е роден во Ајкино во големо семејство. Откако завршил педагошка академија, Јевгениј се вратил во родното село каде работел како професор во едно локално училиште. Тој започнал да штеди пари за изградба на куќа, а подоцна според инерција, Попов продолжил да штеди.

Кога на сметката се наталожила поголема сума на пари, поранешниот професор сфатил дека парите им се повеќе потребни на децата без родители отколку нему, па затоа одлучил да ја подари целата заштеда.

Управата одлучила да ги потроши парите за купување на нов мебел и компјутери за децата. Во знак на благодарност за овој хуман гест, штитениците на домот редовно го посетуваат Јевгениј и му помагаат во извршување на секојдневните обврски.