Јованка Тренчевска, министерката за труд и социјална политика денеска изјави дека пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите соглансо новата методологија која е донесена во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата.
Тренчевска додаде и дека некаде околу 36 илјади домаќинства се приматели на гарантирана минимална помош кои се вклучени во системот за социјална заштита.
– Системот од 2019 година во делот на намалување на сиромаштијата дава ефекти особено во економската криза со која се соочуваме. Тоа е отворен систем којшто брзо ги вклучува сите оние коишто во одреден момент се нашле во ситуација да се материјално необезбедени. Постојат мерки и за семејства кои се со еден родител, како и за оние семејства каде имаме две, три или повеќе деца, детски и образовен додаток кои навистина вклучи многу поголем број семејства за разлика од претходниот систем кои ги ограничуваше семејставта да го примаат додатокот, изјави Тренчевска.
Со новите мерки кои заедно со министерот за финансии и останатите министрите во Владата ги креираат во пресрет на зимата, како што додаде, очекуваат да ги згрижиме барем оние кои се најраливи во општеството.