Пере од „Нокаут“ се потсети на Ацо Конга: „Mи зборуваше тогаш, но млад бев, не те разбирав…“

|

Со емотивна порака до својот колега и пријател, Никола Перевски – Пере ја одбележа шестгодишнината од смртта на познатиот македонски музичар Ацо Богдановски – Конга.

Огромна чест што те познавав, што дружев, што соработував со тебе, што направивме нешто што после 23 години сè уште трае, прераснува во нешто посериозно како идеологија, став на „Нокаут“, сè уште го одржувам бендот и вреди Ацо… А, тоа што вреди секогаш смета и е трн во око. Така ми зборуваше тогаш ама бев многу млад и не те разбирав до крај што сакаше да ми кажеш, сега веќе да…Стари, знам дека се гледаме на друго место во друго време, напиша Пере.