Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ е еден од оние ликови, кој каде и да се појави го привлекува вниманието на присутните. Делумно поради својата појава, бидејќи неретко го споредуваат со американскиот кошаркар Денис Родман, поради многуте тетоважи и висината. Често пати за него се пишуваше дека е бела верзија на американецот, но за време на викендот, тој се најде во центарот на вниманието и поради интересниот џентлменски гест.
Имено, тој заедно со својот син и со неколку пријатели во саботата вечераше во угостителски локал во Гевгелија, и успеа за неколку секунди да ги воодушеви гостите во објектот.
За време на вечерта во ресторанот влезе млада девојка која што продаваше ружи. Таа одеше од маса до маса и го нудеше цвеќето, а кога се приближи до масата на кошаркарот, тој без многу двоумење извади пари и ги купи сите ружи. Девојката остана без зборови и успеа само да се заблагодари, а големиот букет со цревни цветови остана кај Антиќ. Задоволна што за помалку од една минута заврши со работа, со празна кошница за цвеќе, таа си замина со насмевка, а на вратата само кажа – Камо сите да се вакви џентлмени!
Дел од екипата на „Фокус” посведочи на настанот кој помеѓу гостите предизвика воодушевување и коментари од типот – Сите ружи ќе одат кај Ружица, браво за Перо!
Сопругата на Перо, Ружица, не беше помеѓу присутните, но и во минатото се има пишувано околу тоа како ружата е еден вид на симбол на нивната голема љубов…
Целиот текст прочитајте го на Фокус ТУКА.