Перо Антиќ негира дека се степал со поранешниот на Катарина Ивановска: Не сум се тепал, ниту сум избркан од ноќен клуб

|

Откако во медиумите се прошири веста за тепачка во ноќен клуб во Скопје во која учествувале двајцата поранешни партнери на манекенката Катарина Ивановска, односно Перо Антиќ и Цобе, кошаркарот се огласи и за „ММС“ ја негираше оваа информација.

Имено порталот „24Инфо“ пренесе дека се случил инцидентот во еден скопски локал меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина, и кошаркарот Перо Антиќ.

Според написите на порталот, Цобе побарал од Антиќ да го напушти локалот, но тој одбил. Токму поради тоа настанала тепачка, а Цобе, сакајќи да го погоди Антиќ со шишиња и со чаши во полниот клуб, погодил трето лице, по што реагирало обезбедувањето и го избркало Антиќ.

Но, како што Антиќ изјави за „ММС“ тепачка немало и никогаш не бил избркан од ноќен клуб.

„Има камери, нека се види дали имало тепачка. Се знае како изгледа тепачка. А секој човек кога ќе биде нападнат има право да се брани“, изјави Антиќ и додаде:

„Ниту ме избркал некој од клуб ниту ќе може да ме избрка, тоа е место каде што може секој да отиде и да потроши пари. А смешно е за кликови што се прави. Не сакам веке никогаш да коментирам ниту за дотичниот човек, ниту, пак, за дотичната жена, не ме интересираат, ниту го познавам. Навистина не ме интересираат, што сакаат нека прават во животот. Не сакам да ме поврзуваат со тие две личности, јас си имам доволно свои обврски. А за тепачка? Мислам дека сме многу стари за такво нешто“, рече Антиќ за „ММС“

Тој додаде дека не сака повеќе да коментира и да дава причини да го има по медиуми. А, на новинарите кои го пишуваат ова им порача да пораснат. Нагласи дека има јавна функција и не сака малолетни деца да читаат невистини и да го спојуваат со секти.

„Јас сум заљубен, среќен сум во врка и не сакам да ме спојуваат со вакви луѓе. Нека си ја најдат среќата и тие“, вели Антиќ.