Новиот претседател на кошаркарската федерација, Перо Антиќ на својот Инстаграм профил објави преслатко видео на кое заедно со неговото синче играат на добро познатиот хит, Гангам стајл.
Видеото погледнете го ТУКА.
Инаку, Перо долги години е во Брак со Ружица Антиќ, со која има и две прекрасни синчиња, а за нивната голема љубов неретко се зборува во медиумите.
Така пред неколку недели се пишуваше за една прекрасна романтична случка од еден ресторан каде Перо вечераше.
Имено, тој заедно со својот син и со неколку пријатели во саботата вечераше во угостителски локал во Гевгелија, и успеа за неколку секунди да ги воодушеви гостите во објектот.
За време на вечерта во ресторанот влезе млада девојка која што продаваше ружи. Таа одеше од маса до маса и го нудеше цвеќето, а кога се приближи до масата на кошаркарот, тој без многу двоумење извади пари и ги купи сите ружи. Девојката остана без зборови и успеа само да се заблагодари, а големиот букет со цревни цветови остана кај Антиќ. Задоволна што за помалку од една минута заврши со работа, со празна кошница за цвеќе, таа си замина со насмевка, а на вратата само кажа – Камо сите да се вакви џентлмени!
Дел од екипата на „Фокус” посведочи на настанот кој помеѓу гостите предизвика воодушевување и коментари од типот – Сите ружи ќе одат кај Ружица, браво за Перо!
Сопругата на Перо, Ружица, не беше помеѓу присутните, но и во минатото се има пишувано околу тоа како ружата е еден вид на симбол на нивната голема љубов…