Пешевски: Бидете реални и исплаќајте ги празниците и прекувремените саати на работниците

|

По постигнувањето на договор за зголемување на минималната палта на 18.000 денари, работодавачите упатија забелешки дека тој договор, заедно со „недела неработен ден“ и економската и енергетска криза, многу ќе го чини бизнисот и бараат да се постигне компромис токму за неделата како неработен ден.

Претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Дрилон Исени вели дека во државата има премногу неработни денови.

АКО ПОГЛЕДНЕМЕ КАЛЕНДАРОТ НА ГОДИАНТА ИМАМЕ 52 НЕДЕЛИ, 14 НАЦИОНАЛНИ ДРЖАВНИ ПРАЗНИЦИ И 11 ВЕРСКИ. ТОА СЕ 67 ДЕНОВИ КОИ СЕ НЕРАБОТНИ. ЗНАЕТЕ ЛИ ТОА ШТО ЗНАЧИ ЗА БИЗНИСОТ, РЕЧЕ ИСЕИНИ.

Но, за потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски, тоа е несериозен пристап, затоа што еден ден во неделата за одмор на работниците е нужниот минимум.

ИСТОТО ГИ ЧИНИ И РАБОТНИЦИТЕ. ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА 110.000 РАБОТНИЦИ КОИ ШТО СЕГА СЕ НА МИНИМАЛНА ПАЛТА ГИ ИНТЕРЕСИРА И ДРУГАТА СТРАНА, КАКО ВАС ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА? БИДЕТЕ ЕДНАШ РЕАЛНИ И ИСПЛАЌАЈТЕ ГИ ПРАЗНИЦИТЕ И ПРЕКУВРЕМЕНИТЕ СААТИ НА РАБОТНИЦИТЕ. ЗАТОА ОД 10.000 РАБОТНИЦИ НА МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗА ОВИЕ ГОДИНИ ДОЈДОВМЕ ДО 110.000, ВЕЛИ ПЕШЕВСКИ.

Потпретседателот на ССМ, категорично ја отфрли идејата за постигнување компромис за недела како неработен дек и смета дека работодавачите не сакаат да разберат дека одморениот работник е попродуктивен работник.

АКО КАЖУВАМЕ НИЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ОЦЕНУВАМЕ УСТАВНОСТА ИЛИ ЌЕ БАРАМЕ КОМПРОМИС ЗА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН И РАБОТОДАВАЧИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ ЌЕ РАБОТАТ ИЛИ НЕ, ЈАС БИ ПРЕДЛОЖИЛ ТУКА, А СИГУРНО ЌЕ БИДАМ ПОДРЖАН И ОД КОЛЕГИТЕ ОД ССМ, ГРАЃАНИТЕ И ВООПШТО СИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДА ОДЛУЧИМЕ И НИЕ РАБОТНИЦИТЕ КОГА НИЕ Е ЌЕИФ ТОЈ ДЕН ДА ОДИМЕ НА РАБОТА, КОГА НИ СЕ ОДМАРА ДА ОДМАРАМЕ И ДА НАПРАВИМЕ ЕДНА АНАРХИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО И ДА НЕ ПОСТИГНЕМЕ НИШТО. НАВИСТИНА ЗА НЕШТО ШТО СМЕ СЕ ИЗБОРИЛЕ ПРЕКУ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ И ВЛЕЗЕ ВО ЗАКОНСКА ПРОЦЕДУРА И ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ДА ЖИВЕЕ ТОЈ ЗАКОН, ДАЈТЕ ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ДА НЕ СЕ ЖАЛИМЕ. 30 ГОДИНИ ВО ДРЖАВАВА ПОСТОЈАНО ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ НИШТО НЕМА А ЗА РАБОТНИКОТ ПОСТОЈАНО ИЗЛЕГУВА ДЕКА ИМА СЕ. НАВИСТИНА Е ПОВЕЌЕ ОД НЕОПХОДНО ВО НЕДЕЛА ДА ОДМАРААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО ТИЕ 92 ПРОЦЕНТИ ОД ДЕЈНОСТИТЕ И 18.000 ДЕНАРИ МИНИМАЛНА ПЛАТА, ПОРАЧА ПЕШЕВСКИ.