Пешак загина по удар од патничко возило – возачот побегнал

|

Денеска по полноќ, во 00.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот И.Е.(75) од Скопје и го напуштило местото.

Од здобиените повреди на местото починал И.Е., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.