Пејачката Маја Николиќ го претстави својот став за песната „In corpore sano“ со која Ана Ѓуриќ Констракта ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија во Торино.
Песната на Констрактa „In corpore sano“ за кратко време стана голем хит, а некои познати личности објавија кратки клипови од оваа песна.
Сепак, Маја Николиќ истакнува дека песната не и се допаѓа.
„Не ја разбирам таа уметност и не ја сакам песната. Јас сум наградуван артист, тоа е рецитирање, не е ни рап. Ако луѓето или некој што ја сака Констракта мисли дека дадовме нешто ново, Србија и овој пат нема да даде ништо ново, затоа што ваква музика постои на запад повеќе од 50 години, па повторно сме ретро, повторно сме 50 години зад нив“, изјави пејачката.
Во изборот на Евровизија се натпреваруваше и братот на Маја Николиќ, Марко, а пејачот истакна дека не и дал до знаење кога ја испратил неговата песна, туку само дека поминал. Марко ја посвети песната на својата избраничка Ана Бучевиќ со која неодамна се ожени, а Маја откри што мисли за својата снаа.
„Живее во Виена. Не можам да давам изјави во негово име. Само ми кажа дека е примен, дури не ми кажа дека ќе испрати песна. Задоволна сум од снаата, но ветив да не давам изјави на таа тема“, рече Маја Николиќ.