|
Невреме го погоди северозападниот дел на Франција – Нормандија. Во епицентарот на ударот било гратчето Трувил. Очевидци кои го објавиле видеото велат дека невремето започнало брзо, додека претходнО било речиси целосно мирно. Ветерот забрзал до 100 km/h за само неколку секунди. Небото брзо се затемнило и се подигнал ѕид од песок висок десетици метри – луѓето немале друг избор освен да трчаат.
Сите лабави предмети биле претворени во проектили. Налетите на ветрот не можеле да го издржат ниту дрвјата. Невремето го зафати целото крајбрежје во Калвадос.
Температурата за неколку минути паднала од 30 на 15 степени. Покрај Трувил, невремето ги зафати и Довил, Кабур, Вил-сур Мер.