Елеганцијата кај некои од луѓето доаѓа природно. Каде и да се појават тие се софистицирани, а астролозите тврдат дека тоа особено ги краси овие пет хороскопски знаци.
Бик
Тие се преполни со самодоверба и се навистина атрактивни. Луѓето ги почитуваат и се угледуваат на нив. Тие се многу зрели и не се истакнуваат со врева и слично однесување.
Рак
Раковите не се спуштаат на ниско ниво за да привлечат внимание. Достоинствени се и знаат да се однесуваат зрело и одговорно.
Девица
Тие се интелигентни и дисциплинирани. Девиците имаат истакнат моден вкус и знаат да се облечат за да ги импресионираат другите.
Вага
Тие се шармантни и многу друштвени. Знаат да ги привлечат луѓето и во нивно друштво да се чувствуваат удобно. Ги почитуваат туѓите мислења и сигурни се во себе, не се расправаат доколку некој има различен став од нив.
Риби
Луѓето родени во знакот на Риба знаат да ја одржуваат ситуацијата софистицирана. Тие се елегантни, грациозни и со стил прават многу работи.