Пет хороскопски знаци кои треба да внимаваат во втората половина од месецот

ИЗВОРНов лист
|

Ретроградниот Меркур во јуни носи многу одложувања, погрешни информации, губење предмети, соочување со лаги и тешки вистини…

Ова се петте хороскопски знаци што треба да бидат посебно внимателни во периодот после 18 јуни:

Овен
Наскоро ќе ги почувствувате необичните вибрации на ретроградниот Меркур врз вашата кожа. Минатите неколку месеци остварувавте сè што ќе посакате. Носевте брзи одлуки, но тие брзо ќе се покажат како погрешни. Сега е време да забавите. Ве очекува период на справување со последиците и наплата на старите долгови. Соочете се со промените, а потоа ќе најдете мир.

Рак
Ретроградниот Меркур како едвај да чека да му пристапи на вашиот нежен хороскопски знак. Може да се чувствувате вознемирени и нервозни и ве очекува наплив на емоции што нема да биде лесно да ги искажете. Се соочувате со разни тајни и учите нови лекции. Наместо да ја насочите енергијата на негативното, фокусирајте се на оптимизмот и на духовниот раст.

Девица
Ретроградниот Меркур ви носи голем товар и чувство како да ја губите контролата. Можно е личноста во која верувате да почне да го покажува своето вистинско лице. Не разочарувајте се ако некоја врска заврши засекогаш. Ретроградниот Меркур ве спасува од нова тага и од неволји.

Скорпија
Исполнети сте со негативни мисли и со бран на измешани емоции што не можете да ги скриете. Скорпиите се секогаш мистериозни, но сега нема да можат да ги сокријат своите чувства. Дозволете им да излезат на површина, не притискајте ги. Наскоро ќе се чувствувате ослободено.

Јарец
Реалноста не ги исполнува вашите очекувања и затоа не сакате да ги видите вашите проблеми, недоразбирања и грешки. Се наоѓате во заблуда и обвиткани сте со лаги. Ретроградниот Меркур ќе ве охрабри да ја видите вистината и да се соочите со сите непријатни искушенија што животот ги има за вас во овој момент. Не грижете се, ќе излезете како победници од оваа битка.