Пет најдобри: Скијачките центри кои луѓето ги посетуваат дури и кога не скијаат

|

Списанието Conte Nast Traveler ги одбрал најдобрите ски-центри во Европа. Иако на Алпите има многу добри понуди за скијачите, овие пет посебно се истакнуваат.

На прво место е Гштад, местенце во Швајцарија каде, освен квалитетната ски-патека, има и многубројни други активности за посетителите. Центарот на местото е исполнет со туристички содржини и не е дозволен сообраќај за посетителите да можат постојано да уживаат. За оние кои со планинските активности сакаат и добра храна, во Гштад можат да пронајдат ресторан со Мишелин ѕвезда. 

На второто место е уште едно место во Швајцарија, а тоа е Сент Мориц. Освен што е еден од најдобрите, ова е и еден од најстарите скијачки центри во светот. Ова место е толку совршено и има сонце 322 дена во годината, воздухот е сув, а снег има доволно за скијачите. Но, и оние кои само сакаат да уживаат на планина можат да ги избираат содржините кои ги сакаат.

Куршевел се наоѓа во Франција и е избран за трет најдобар ски-центар во Европа. Иако не е најдобар, се простира на површина поголема од било каде во светот. Куршевел 1850 е патека на која има доволно снег за скијање и во текот на март. Доколку се одлучите за овој ски-центар, веројатно ќе сретнете многу познати личности кои сакаат зимски активности.

Вал д’Изер некои го сметаат за најубав ски-центар во Франција, а го посетуваат и оние кои не скијаат, туку само сакаат да уживаат во глетката на снежните планини. Иако има доволно снег, во Вал д’Изер има машина за правење на вештачки снег, најголема во Европа. Иако има многу неискусни скијачи, патеката е доволно голема и за оние кои сакаат да скијаат непречено.

На петтото место се нашол еден австриски ски-центар. Санкт Антон ам Арлберг е со гондола поврзан со скијалиштето во близина, што го прави најголемиот таков ски-центар во Австрија и петти најголем на светот. Поради бројот на патеките, најдобро е секој ден да изберете различна и во целост да го запознаете Санкт Антон.