Пет работници загинаа додека менувале делови од пруга во Италија – патнички воз удри во нив со брзина од 160 км./ч.

|

Пет работници загинаа во Торино, кога во нив удри воз во близина на железничка станица. Работниците, кои се на возраст од 22 до 52 години, во моментот на несреќата менувале дел од пругата.

Во нив удри празен патнички воз кој се движел со брзина од 160 километри на час, пренесува „Би-Би-Си“.

Двајца работници преживеаја и минаа без повреди во несреќата. Истрагата за причините е во тек.