Пет успешни трикови за да дознаете дали некој ве лаже

|

Чувствувате дека нешто не е како што треба, партнерот се однесува чудно, а кога ќе го прашате дали е сè во ред, искусно се обидува да одбегне разговор со вас

Прочитајте ги следниве трикови и дознајте дали партнерот ве лаже…

1. Звучи смешно
Лажговците понекогаш се препознаваат по тоа што зборуваат брзо. Типичниот лажго би можел да почне да зборува побавно, поради тоа што се обидува да ја формулира лагата, но еднаш кога ќе влезе во неговата глава, тој ќе се обиде да ја каже што побрзо.

2. Се збунува при вербалната комуникација
Потребна е голема ментална сила за да се балансира помеѓу сознанието за тоа што навистина се случило и она во коешто сакаме да поверува некој. Многу лажговци во овие ситуации би започнувале една реченица, би ја прекинувале, па би продолжувале со следната. Користат минато и сегашно време за истата приказна или ги повторуваат прашањата пред да одговорат на нив. Таквата конверзација може да открие дека станува збор за лага.

3. На лицето му се гледа презир
Пред околу 50 години, истражувачите откриле дека на сите луѓе им се заеднички седум универзални начини на искажување емоции што се гледаат на нивното лице. Без разлика дали сте маж или жена, млади или стари, ќе ја направите истата гримаса. Па така, истражувачите виделе презир кај хроничните лажговци кои мислеле дека се премногу паметни за да бидат фатени на дело.

4. Се обидува да побегне и да се сокрие
Ако лажгото почне да зборува и да ви се обраќа директно вам, а потоа во еден момент почнува да се вознемирува и сака да ја напушти просторијата, тоа би можело да биде знак дека е измамник. Кога лажгото ќе се соочи со прашање на кое не сака да одговори, тој несвесно ги покрива очите, устата или целото лице со своите раце или со очила за сонце и така, потсвесно се обидува да исчезне.

5. Ќе се обиде да ве исфрли од колосек
Вештите лажговци ќе се обидат да ве натераат да се чувствувате како да го губите тлото под нозете. Тие можат да ви соопштат потполно лажна информација со толкава убедливост што и самите ќе почнете да се преиспитувате. Ова е еден посебен начин на манипулација кон кој прибегнуваат лажговците.