Пет застрашувачки пророштва на Баба Ванѓа за 2023 година

|

Најпознатата јасновитка во светот, Баба Ванѓа, наводно има предвидено многу настани кои се случија како катастрофата во Чернобил, смртта на принцезата Дијана и други. Пред да почине, Баба Ванѓа изнела пет застрашувачки пророштва за 2023 година.

Додека многумина се надеваат на добри вести пред почетокот на новата, 2023 година, предвидувањата на Баба Ванѓа не се баш оптимистични, пишува британскиот The Mirror.

Напротив, истите звучат прилично застрашувачки.

Промена на Земјината орбита

Баба Ванѓа предвидела дека Земјата во 2023 година некако ќе доживее промена во својата орбита. Не е прецизирано на што точно мислела, но каква и да е таа промена, може да има разорни последици.

Ако Земјата се доближи до Сонцето, човештвото би се соочило со зголемено зрачење и високи температури, што би резултирало со брзо топење на глечерите, пораст на нивото на морето и вонредни ситуации низ светот. Ако планетата се оддалечи од Сонцето, нè очекува ледено доба со подолги периоди на мрак.

Биолошко оружје

Јасновитката најави дека некоја „голема земја“ ќе спроведе студии за биолошко оружје на луѓе, што би резултирало со смрт на илјадници низ светот. Но, во овој момент, Конвенцијата на ОН за биолошко оружје забранува изведување експерименти од овој вид.

Нуклеарна експлозија

Меѓу предвидувањата за 2023 година има и нуклеарна експлозија. Ова морничаво пророштво добива на тежина по нејзиното наводно предвидување на катастрофата во Чернобил, а во контекст е и загриженоста поради ситуацијата во Украина. И најмала грешка во нуклеарната електрана Запорожје може да доведе до катастрофа со страшни последици за некои европски земји.

Соларна бура

Уште едно предвидување, иако прилично нејасно, е доаѓањето на соларна бура во размери кои никогаш досега не се видени на Земјата. Соларните бури претставуваат големи експлозии кои се случуваат на Сонцето. Тогаш, Сонцето емитува високо ниво на енергија и радијација, а може да се случат и проблеми со работата на ГПС системот, радиокомуникацијата, сателитите кои кружат околу Земјата. Посилните соларни бури како што предвидува Баба Ванѓа, би довеле до технолошки оштетувања, па и масовен недостиг на струја и проблеми во комуникацијата.

Крај на природното раѓање

Визијата на Баба Ванѓа за 2023 година вклучува и крај на природното раѓање луѓе. Во оваа дистописка проекција, властите забрануваат раѓање и целиот човечки род се одгледува во лабораторија. Така, лидерите и медицинските експерти одлучуваат кој ќе се роди, додека родителите би можеле да ги прилагодат своите лични особини и физичкиот изглед. Ова е дефинитивно едно од најчудните предвидувања и поттикнува страв од пад на наталитетот.